Индустриското производство падна за 11% во март

Bez autora
Apr 27 2010

Пад на индустриското производство. Во март годинава, во однос на март лани, се намалило за 11,2 проценти додека на квартално ниво падот е 9,4 проценти. Државниот завод за статистика денеска ги објави новите бројки, кои само го потврдија негативниот тренд во индустријата, актуелен подолго време. Најголем пад од 23,2 проценти се забележува во секторот вадење руда и камен, следи преработувачката индустрија со пад 13,9 проценти, додека во секторот снабдување со електрична енергија, вода и гас има раст од 10,6 проценти. Македонија можеби излезе од рецесија, но мартовската статистика е доказ дека кризата е далеку од готова. Стопанството и натаму е во грч, компаниите на терен водат жестока битка за опстанок. Анализирано по групи, бројките за индустриското производство во голем дел се негативни. Кај преработката на дрво падот е 15,8 додека кај производството на мебел 19,7 проценти.

Индустриското производство падна за 11% во мартПад на индустриското производство. Во март годинава, во однос на март лани, се намалило за 11,2 проценти додека на квартално ниво падот е 9,4 проценти.

Државниот завод за статистика денеска ги објави новите бројки, кои само го потврдија негативниот тренд во индустријата, актуелен подолго време. Најголем пад од 23,2 проценти се забележува во секторот вадење руда и камен, следи преработувачката индустрија со пад 13,9 проценти, додека во секторот снабдување со електрична енергија, вода и гас има раст од 10,6 проценти.

Македонија можеби излезе од рецесија, но мартовската статистика е доказ дека кризата е далеку од готова. Стопанството и натаму е во грч, компаниите на терен водат жестока битка за опстанок.

Анализирано по групи, бројките за индустриското производство во голем дел се негативни. Кај преработката на дрво падот е 15,8 додека кај производството на мебел 19,7 проценти.

Инволвираните во дрвната индустрија бараат нови антикризни мерки од Владата, а падот го објаснуваат со скапите репроматеријали, високата цена на дрвото, намалените нарачки од дома и од странство.

„Антикризните мерки ни се многу потребни во оваа ситуација, ако има одредени бенефити за фирмите кои што извезуваат надвор од нашата држава и тогаш се надевам дека оној долар или евро што се извезува, ќе се врати во иста мерка, а не како сега. Ако ние извезуваме за едно евро, а внесуваме репроматеријали за три евра“, вели Нацко Симакоски - Кластер за дрва.

И бизнис заедницата веќе алармираше дека 2010-та ќе биде тешка година за стопанството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik